Добре дојде на веб страницата на tarana.mk!
Корисникот кој креирал сопствен кориснички профил на www.tarana.mk е лично одговорен за заштита на неговата лозинка.
Крајниот корисник се обврзува да ги почитува правилата и условите кои се истакнати подолу во овој текст како и дека нема да репродуцира, дистрибуира, пренесува, препродава било која содржина, софтвер, производи или услуги добиени преку веб страницата без претходно одобрување од тарана мк.
Прилозите кои се истакнати под условите за користење на веб страна www.tarana.mk, се есенцијални документи за регулирање на правата и обврските помеѓу корисниците на www.tarana.mk и тарана мк ДООЕЛ во врска со користење на услугите на www.tarana.mk.
Со користењето на веб страницата, се согласуваш дека секогаш ќе оставаш точни податоци во секој дел од страницата каде што е тоа потребно и редовно ќе ги ажурираш, за да одговараат на фактичката моментална состојба.
Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до веб страницата преку некој друг линк, тоа го прави на свој сопствен ризик.
Тарана мк не одговара за точноста на податоците оставени и запишани на www.tarana.mk. За точноста на податоците кои се наоѓаат на www.tarana.mk одговара сопственикот на кориснички профил.
Во случај на прекин на услугите поради проблеми со интернет или други случувања кои се надвор од контрола на tarana.mk, tarana.mk ќе се обиде на било кој начин, преку социјални мрежи или контакт податоци да ги информира корисниците за привремената недостапност.
tarana.mk го задржува правото во било кое време да ги менува содржината и дизајнот на својата веб страница како и да ги дополни или промени некои од услугите, во согласност со законските прописи.
Корисникот се согласува дека комуникацијата која е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања, како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ.
Известувањата од страна на tarana.mk доставени до твојата е-маил адреса која сте ја запишале во твојот кориснички профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација, ќе се смета дека е уредно доставена на денот на испратената електронска порака.
“Кориснички профил” профил креиран од договорна страна која огласува и ја користи е-продавницата на tarana.mk за продажба и/или купување на производи.
Кориснички профил може да има и корисник кој не е во можност да тргува на платформата, поради причина, не е активен корисник на услугите на Diners Club.
“Сопственик на кориснички профил, само сопственик или огласувач”, договорната страна која огласува и ја користи е-продавницата на tarana.mk за продажба на свои производи.
“Tarana Expert” официјално лице од страна на tarana.mk (технички експерт, финансиски експерт, продажен експерт и сл.)
“Тарана Дашборд” административен панел на tarana.mk од каде корисникот ја контролира и менаџира својата активност, продажба и купувања.
“Трети страни / трети лица / трети странки” сите кои не се предмет на овој договор - компании со кои tarana.mk или сопственикот соработуваат, клиенти, купувачи, посетители, крајни корисници и сл.
“Типови на кориснички профил”
Активен - со активна претплата на Diners Club, активна е и е-продавницата. Активната претплатата не значи и дека сите дополнителни трети сервиси се активни, туку се зема како засебна.
Гостин - регистриран корисник кој не е активен корисник на услугите на Diners Club, без кориснички профил на Diners Club.
Неактивен - статусот на неактивна претплата се добива во ситуација на неактивен, откажан или суспендиран кориснички профил на Diners Club.
Суспендиран - суспендирана претплата значи дека во моментот е-продавницата, корисничкиот профил како и сите трети сервиси активирани на корисничкиот профил се деактивирани. Овој статус може да се појави ако сопственикот ги прекршува условите на користење на tarana.mk.
Откажан - статусот откажан се активира во момент кога корисникот своеволно со барања до tarana.mk бара да му се избрише, односно архивира корисничкиот профил.
На чекање - претплатата може да биде на чекање од било која причина и тоа е претходно договорено помеѓу tarana.mk и сопственикот на е-продавницата.
Прилози кон договор за соработка
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.