Tи благодариме што покажа интерес за www.tarana.mk, веб-платформа администрирана од ДЦ Маркет ДООЕЛ увоз-извоз Скопје (во натамошниот текст: ДЦ Маркет).
ДЦ Маркет како контролор на лични податоци, посветува големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, поради што целосно ја заслужуваме твојата доверба. Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа те молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност.
Те информираме дека можеш да го посетите нашиот веб-сајт и без да ги откриеш твоите лични податоци. Меѓутоа, доколку сакаш да се регистрирате како наш корисник, неопходно е да ги обработуваме твоите лични податоци.
Личните податоци на корисниците на нашиот веб-сајт се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Со оваа политика за приватност, те информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и ги обработуваме твоите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме твоите лични податоци, како и за твоите права што произлегуваат од законот за заштита на личните податоци. ДЦ Маркет, како контролор на лични податоци, применува голем број технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку овој веб-сајт.
Сепак, имајте предвид дека не може да се гарантира апсолутна заштита кога се доставуваат лични податоци преку Интернет.
1. Дефиниции;
2. Назив и адреса на контролорот;
3. Офицер за заштита на личните податоци;
4. Како ги применуваме начелата за заштита на личните податоци?
5. Која е правната основа и целта за обработка на Вашите лични податоци?
6. Кои категории на лични податоци ги обработуваме?
7. Колачиња (Cookies);
8. Собирање на општи податоци и информации;
9. Линкови до други страници;
10. Заштита на личните податоци при користење на Google Analytics;
11. Заштита на личните податоци при користење на cPay модулот на CaSys како обработувач за плаќање;
12. Дали вршиме пренос на лични податоци?
13. Во кој рок ги чуваме личните податоци?
14. На кој начин ги штитиме твоите лични податоци?
15. На кој начин ја ограничуваме обработката на твоите лични податоци?
16. Дали донесуваме одлуки врз основа на автоматска обработка на податоци?
17. Дали и на кого ги откриваме твоите лични податоци согласно закон?
18. Кои се твоите права како субјекти на лични податоци?
19. Дали постои возрасна граница за користење на www.tarana.mk?
20. Измени во политиката за приватност;
21. Право на поднесување барање до агенција за заштита на личните податоци.
Нашата политика за приватност се заснова на термините што ги користи законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП). Таа треба да биде разбирлива за нашите посетители и корисници. За да бидеме сигурни дека навистина е така, прво ќе ги објасниме поимите кои ги користиме.
Во оваа политика за приватност, меѓу другото, ги користиме следниве поими:
Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци). Физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет, може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.
Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
Ограничување за обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.
Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференци, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.
Псевдонимизација е обработка на личните податоци на таков начин што личните податоци не можат повеќе да се поврзат со одреден субјект без да се користат дополнителни информации, под услов таквите дополнителни информации да се чуваат одделно и да подлежат на технички и организациски мерки со кои ќе се обезбеди дека личните податоци не се поврзани со идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува.
Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.
Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не.
Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.
Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.
Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
ДЦ Маркет ДООЕЛ увоз-извоз Скопје
Ул. 1606 бр.2/3-5 Скопје Република Северна Македонија
телефон: 070/321-015
е-маил адреса:[email protected]
веб страница: https://tarana.mk
Име и презиме:
Контакт телефон:
e-маил адреса: [email protected]
Секој посетител или корисник на овој веб-сајт, може директно да контактира со нашиот офицер за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштита на личните податоци.
Законски, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци.
Твоите лични податоци на веб-сајтот ги собираме и обработуваме врз основа на твоја согласност, заради исполнување на договорна обврска како што е дефинирано во условите за користење на www.tarana.mk или заради исполнување на законска обврска (закон за трговија, закон за електронска трговија, закон за заштита на потрошувачи, закон за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, закон за облигациони односи).
Твоите лични податоци на веб-сајтот ги собираме и обработуваме за цели на регистрација и креирање на твој профил за отворање на онлајн продавница, за онлајн купување, за контакт со нас, за добивање на пораки за нашите новости и поволности. Твоите лични податоци не се предмет на понатамошна обработка за цели различни од првично дефинираните.
Обработката на твоите лични податоци е ограничена само на оние податоци кои се неопходни за да се исполнат целите на обработката.
Обемот на личните податоци е соодветен на она што е потребно за исполнување на целите, определени во точка 15 од оваа политика за приватност. Доколку се појави потреба за дополнителна обработка на твоите лични податоци, ќе те информираме и ќе побараме твоја согласност за таа дополнителна обработка.
Спроведуваме разумни мерки за потврдување на точноста, за исправка и/или бришење на неточните лични податоци кои ги обработуваме.
Покрај овие мерки, ти овозможуваме да го оствариш своето право да побарате исправка, дополнување или бришење на личните податоци на лесен и едноставен начин.
Водиме грижа, твоите лични податоци да се чуваат во роковите предвидени во точка 13 од оваа политика за приватност. По изминувањето на роковите или по исполнување на целта за обработка, твоите лични податоци се бришат.
Преземаме соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци што се собираат преку овој веб-сајт од неовластен пристап, незаконско откривање и уништување на податоците.
Пристапот до личните податоци е ограничен само на лицата кои се посебно овластени за тоа.
Нашиот веб-сајт собира лични податоци исклучиво од субјектите на лични податоци (корисниците).
Правна основа за обработка на твоите лични податоци на нашиот веб-сајт преку формата „креирај профил“ или „регистрирај се“ е твојата согласност.
Преку формата „креирај профил“ или „регистрирај се“ ги обработуваме твоите лични податоци за цели на отворање на твоја онлајн продавница и/или онлајн купување од регистрираните е-продавници на https://tarana.mk, но и за твое информирање за нашите понуди, новости и поволности (директен маркетинг), доколку претходно се согласиш со тоа.
Доколку сакате да се регистрирате на нашиот веб-сајт, потребно е да ги внесеш твоите лични податоци:
- име и презиме;
- датум на раѓање;
- податоци за контакт (електронска адреса, телефон);
- лозинка;
- IP адреса (се зачувува автоматски).
При креирањето на е-продавница, ти нудиме можност да се согласите со условите на користење на услугите на https://tarana.mk и со оваа политика за приватност, но и можност да се согласите да добивате известувања за нашите понуди, новости и поволности (директен маркетинг).
Откако сте веќе регистрирани на нашиот веб-сајт, за да се најавите, потребно е да ги внесеш твоите лични податоци:
- електронска адреса;
- лозинка;
- IP адреса (се зачувува автоматски).
Со најавување на нашиот веб-сајт, се зачувува IP адресата доделена од давателот на интернет услуги и датумот и времето на твоето најавување.
Ова е единствениот начин да се спречи злоупотребата на нашите услуги и да се овозможи истрага за сторена повреда, доколку е потребно.
Зачувувањето на овие податоци е потребно за наша заштита.
Овие податоци нема да бидат откриени на трета страна, освен ако се откријат за цели на кривично гонење или ако постои друга законска обврска за нивно откривање. Со доброволно внесување на личните податоци, нудиме регистрација на корисниците на нашиот веб-сајт.
Регистрираните корисници можат во секое време да направат исправка на личните податоци внесени при регистрација или целосно да ги избришат личните податоци од нашата база на податоци.
Доколку се регистрирате за добивање на нашите промотивни содржини преку формата за “Newsletter” потребно е да ги внесете твоите лични податоци:
- електронска адреса;
Нашиот веб-сајт користи колачиња. Колачињата се текстуални датотеки зачувани во твојот информациски систем преку веб пребарувачот.
Многу колачиња содржат таканаречен ID на колачето - единствен идентификатор на колачето, кој се состои од низа карактери преку кои посетените веб страници, ги разликуваат веб пребарувачите на нивните корисници од другите веб пребарувачи, а со помош на единствениот идентификатор на колачето.
Со користење на колачиња на нашиот веб-сајт, ти нудиме подобри услуги тебе и на останатите корисници.
Колачињата ни овозможуваат, да ги препознаваме корисниците на нашиот веб-сајт. Целта на ова е да ти го олесниме користењето на нашиот веб-сајт.
Доколку користите колачиња на нашиот веб-сајт, не мора секогаш кога пристапувате до веб-сајтот да внесуваш податоци за пристап, затоа што ги преземате од веб-сајтот и колачето е зачувано на твојот информациски систем.
Како корисник, можеш во секое време да спречиш поставување на колачиња преку нашиот веб-сајт со користење на соодветна поставка на веб пребарувачот или трајно да го одбиете поставувањето колачиња, а може и веќе поставените колачиња да ги избришете во кое било време преку веб пребарувачот или други софтверски програми.
Ако го исклучите поставувањето колачиња преку веб пребарувачот, не ќе може во целост да ги користите сите функции на нашиот веб-сајт.
Повеќе информации се достапни во политиката за колачиња на ДЦ Маркет (tarana.mk/content/pages/politika-za-kolacinja )
Нашиот веб-сајт собира низа општи податоци и информации кога пристапувате до него. Овие општи податоци и информации се зачувани во лог фајловите (датотеките) на серверот.
Собраните податоци и информации може да се однесуваат на:
(1) видот на веб пребарувачот и користените верзии;
(2) оперативниот систем што го користи системот за пристап;
(3) веб страницата од која системот за пристап пристапува до нашиот веб-сајт;
(4) датумот и времето на пристап до веб страницата;
(5) адресата на интернет протоколот (IP адресата);
(6) давателот на интернет услуги на системот за пристап и
(7) други слични информации што можат да се користат во случај на напад врз нашиот информациски систем.
При користење на овие општи податоци и информации, не донесуваме заклучоци за корисникот.
Наместо тоа, овие информации ни се потребни за:
(1) правилно да ја испорачаме содржината на нашиот веб-сајт;
(2) да ја оптимизираме содржината на нашиот веб-сајт;
(3) да обезбедиме долгорочна одржливост на нашиот информациски систем и технологија на веб-сајтот, и
(4) да им ги дадеме на органите за спроведување на законот информациите потребни за гонење во случај на сајбер-напад.
Затоа, анонимно анализираме и собираме статистички податоци со цел да обезбедиме оптимално ниво на заштита на личните податоци што ги обработуваме. Анонимните податоци од лог фајловите (датотеките) на серверите се зачувуваат одделно од твоите лични податоци.
При користењето на www.tarana.mk може да бидат прикажани линкови до други страници со кои не управуваме ние. Доколку кликнете на линк на трето лице, ќе бидеш насочен кон страницата на третото лице. Те советуваме да ја погледнете политиката за приватност на секоја страница што ја посетувате.
www.tarana.mk нема контрола и не преземаме одговорност за содржината, политиките или практиките за приватност на страници или услуги на трети лица.
На нашиот веб-сајт, интегрирана е компонентата Google Analytics.
Google Analytics е услуга за веб анализа - собирање и анализа на податоците за однесувањето на корисниците на веб страниците.
Меѓу другото, се собираат информации за веб страницата од која потекнува корисникот (т.н. Referrer), како и колку често и колку долго трае посетата на веб страницата. Веб анализата главно се користи за оптимизирање на веб-сајтот.
Компанијата што ја обезбедува компонентата Google Analytics е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.
Google Analytics поставува колаче на информацискиот систем на корисникот. Дефиницијата за колачиња е објаснета погоре како и во политиката за колачиња достапна на (tarana.mk/content/pages/politika-za-kolacinja). Со поставување колаче, Google може да ја анализира употребата на нашиот веб-сајт.
Колачето се користи за собирање и чување на лични податоци, како што се времето на пристап, местото од каде се пристапува и зачестеноста на посетите на нашиот веб-сајт од страна на корисникот.
Со секоја посета на нашиот веб-сајт, ваквите лични податоци, вклучително и IP-адресата што ја користи корисникот за пристап до интернет, ќе бидат пренесени на Google во САД и зачувани од Google во САД.
Google може да ги пренесе овие лични податоци на трети лица. Со соодветно прилагодување на веб пребарувачот можете да спречите поставување на колачиња преку нашиот веб-сајт, но и трајно да забраните поставување на колачиња.
Ваквото прилагодување на веб пребарувачот исто така би спречило Google Analytics да поставува колачиња на Вашиот информациски систем.
Покрај тоа, колачињата што веќе ги користи Google Analytics може да се избришат во секое време преку веб пребарувач или други софтверски програми. Воедно, можете да преземете и инсталирате додаток на веб пребарувачот на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout. Овој додаток на веб пребарувачот му кажува на Google Analytics преку JavaScript да не се пренесуваат какви било податоци и информации за твоите посети на веб страници.
Инсталирањето додатоци на пребарувачот се смета за приговор кон Google. Доколку твојот информациски систем подоцна е избришан, форматиран или повторно инсталиран, мора повторно да ги инсталирате додатоците на веб пребарувачот за да го оневозможи Google Analytics. Ако додатокот на веб пребарувачот е деинсталиран или оневозможен, можно е повторно да се инсталира или активира.
Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на податоците од Google може да се преземат на: https://policies.google.com/privacy?hl=en и https://marketingplatform.google.com/about/analytics/terms/us/.
Google Analytics е дополнително објаснет на следниот линк: https://marketingplatform.google.com/about/analytics/
На нашиот веб-сајт интегрирана е компонентата cPay на Интернационален картичен систем АД Скопје (CASYS).
cPay е услуга за плаќање која овозможува безготовинско плаќање на производите и услугите на интернет. cPay е техничка постапка со која ние, како онлајн продавач веднаш добиваме потврда за плаќањето.
Ова ни овозможува да ги испорачаме производите или купувачот да ги преземе веднаш после нарачката.
Ако одберете „плаќање со електронска платежна картичка – еднократно“ како опција за плаќање во нашата онлајн продавница во текот на постапката за нарачување, твоите податоци ќе бидат проследени до CASYS. Со селектирање на оваа опција за плаќање, се согласуваш твоите лични податоци потребни за процесот на плаќањето да бидат проследени до CASYS.
Податоци кои се разменуваат со CASYS за цели на реализација на процесот на плаќање и спречување злоупотреби се: почетен датум, краен датум, број на нарачка, идентификациски број, име и презиме на плаќачот, назив на банката, тип и статус. Имаш право да ја повлечете согласноста за обработка на твоите лични податоци дадени на CASYS.
Повлекувањето на согласноста нема да има влијание на личните податоци кои мора да се обработат, користат или пренесат за цели на плаќањето.
Важечки одредби за заштита на личните податоци на CASYS можат да се најдат на следните линкови: http://www.casys.com.mk/uploads/AboutUs/docs/Politika_na_privatnost_2015.pdf https://cpay.com.mk/Merchant/page/default.aspx?user_id=&session_id=&xml_id=/mk-MK/U Help/03PrivacyPolicy/
Серверите на кои што е поставен веб-сајтот www.tarana.mk се наоаѓаат во Германија, со што се врши пренос на личните податоци во Европска Унија.
Политиките на компаниите во чија сопственост се серверите се усогласени со ЗЗЛП.
Твоите лични податоци ги обработуваме и чуваме само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани.
Ако престанала целта заради која се обработуваат или ако истече рокот на чување, пропишан во нашите интерни акти, личните податоци се бришат или се ограничува нивната обработка.
Доколку се одлучиш да ја повлечеш согласност за обработка на твоите лични податоци за некоја од целите на користење на веб-сајтот www.tarana.mk, твоите лични податоци ќе бидат избришани.
Доколку си ја користел услугата онлајн купување, сите документи и записи со твоите лични податоци, а кои се однесуваат на реализирани продажби и плаќања, се чуваат во законските рокови кои се утврдени за чување на сметководствена документација и исправи кои се однесуваат на платен промет.
Твоите лични податоци кои се обработуваат за целите на користење на www.tarana.mk се обработуваат согласно законот за заштита на личните податоци, законот за трговија, законот за електронска трговија, законот за заштита на потрошувачи, законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, законот за облигациони односи.
www.tarana.mk користи двојна идентификација пред воопшто да станете корисник, односно:
Твоите лични податоци ги обработуваме и чуваме само во времето потребно за постигнување на целта заради која се собрани и се обработуваат.
ДЦ Маркет планира да врши профилирање со цел подобрување на функционалностите на www.tarana.mk, креирање на поволности и персонализирани информации за корисниците. Пред да отпочне со оваа обработка, ДЦ Маркет ќе те информира за истата и ќе побара твоја согласност онаму каде што е таа неопходна.
Твоите лични податоци ќе ги откриеме на надлежни државни органи за цели на водење на постапки согласно закон. За секое откривање на твоите лични податоци, ќе водиме писмена евиденција и ќе те известиме на соодветен начин. Доколку во иднина се појави потреба за откривање на податоците на трето лице кои не се предвидени во оваа политика, ќе побараме твоја согласност онаму каде што е тоа неопходно и ќе извршиме дополнување на политиката за приватност пред таа обработка воопшто да започне.
а) Право на потврда
Како субјект на лични податоци (корисник, купувач, посетител) имате право да добиете потврда од ДЦ Маркет дали ги обработуваме твоите лични податоци.
б) Право на пристап
Во секое време, бесплатно имате право да добиете информации од ДЦ Маркет за твоите лични податоци, како и копија од овие податоци.
ЗЗЛП Ви гарантира пристап до следниве информации:
▪ цел на обработката;
▪ категории на личните податоци;
▪ корисници или категории на корисници на кои им биле откриени или ќе бидат откриени личните податоци;
▪ ако е можно, време на чување на личните податоци или ако тоа не е можно, критериумите користени за одредување на времето на чување;
▪ постоење на право да се бара исправка или бришење на лични податоци или ограничување на обработка на личните податоци;
▪ постоење на право на поднесување барање до агенција за заштита на личните податоци;
▪ кога личните податоци не се собрани од тебе, сите достапни информации за изворот на лични податоци;
▪ постоење на автоматско донесување одлуки, вклучително и профилирање, и во тие случаи, релевантни информации за вклучената логика, како и значењето и предвидените последици на таквата обработка за субјектот.
Покрај тоа, имате право да добиете информации за тоа дали личните податоци се пренесени во трета земја, како и за соодветните заштитни мерки во врска со преносот.
в) Право на исправка
Имаш право да добиеш исправка на твоите неточни лични податоци без непотребно одложување.
Земајќи ги предвид целите на обработката, имаш право да ги дополниш нецелосните лични податоци.
г) Право на бришење („Право да се биде заборавен“)
Имаш право да бараш бришење на твоите лични податоци без непотребно одложување. Ние сме должни да постапиме по ваквото барање ако е исполнет еден од следните услови:
▪ личните податоци повеќе не се потребни за целите за кои се собрани или за кои се обработуваат;
▪ сте ја повлекле согласноста на која се заснова обработката, а не постои друга правна основа за обработка;
▪ сте приговарале на обработката;
▪ обработката на личните податоци е незаконска;
▪ постои законска обврска за бришење на личните податоци.
д) Право на ограничувања за обработка
Имате право да ја ограничите обработката на твоите лични податоци, доколку е исполнет еден од следниве услови:
▪ ја оспорувате точноста на личните податоци, за период кој ќе ни овозможи да ја провериме нивната точност;
▪ обработката е незаконска, но се спротивставувате на бришењето на личните податоци, а наместо тоа бара ограничување на нивната обработка;
▪ ДЦ Маркет нема повеќе потреба да ги обработува твоите лични податоци, но тебе ти се потребни за воспоставување, остварување или одбрана на твоите правни барања;
▪ приговарате на обработката, во очекување на верификација дали нашите легитимни интереси преовладуваат над твоите интереси.
ѓ) Право на преносливост на податоци
Личните податоци чија обработка ја вршиме со автоматски средства, врз основа на твоја согласност, имаш право да ги добиете во структуриран, вообичаено користен, машински читлив формат или да барате да ги пренесеме овие податоци на друг контролор, под услов ако е технички изводливо.
е) Право на приговор
Имате право да поднесете приговор до ДЦ Маркет, против обработката на твоите лични податоци за цели на директен маркетинг. Во случај на приговор, повеќе нема да ги обработуваме твоите лични податоци за оваа цел.
ж) Право на повлекување согласност за заштита на личните податоците
Согласноста за обработка на твоите лични податоци, имаш право да ја повлечеш во секое време.
Доколку сакаш да оствариш некои од твоите права, те молиме пристапите до следниот линк: https://legal.tarana.mk/privacy-policy-requests
Офицерот за заштита на личните податоци ќе постапи по твоето барање без одлагање.
За сите прашања во врска со заштита на личните податоци, контактирајте го офицерот за заштита на лични податоци на:
контакт телефон: (+389)** *** ***
е-маил адреса: [email protected]
www.tarana.mk не е наменет да биде користен од страна на лица под 16 години. Доколку дознаеш дека твоето дете кое е на возраст под 16 години, без твоја согласност има откриено лични податоци на www.tarana.mk, извести не, на е-адреса на офицерот за заштита на личните податоци.
Доколку ние откриеме дека е регистрирано лице помладо од 16 години, ќе ги преземеме сите мерки за бришење на личните податоци споделени од тоа лице и ќе го избришеме корисничкиот профил.
ДЦ Маркет, земајќи ги предвид искуствата на корисниците и надградувањето на функционалностите на www.tarana.mk ќе врши повремени дополнувања на оваа политика за приватност. Те охрабруваме да ги следите измените и дополнувањата на политиката за приватност, а се со цел да бидеш навремено информиран за заштитата и обработката на твоите лични податоци.
Доколку сметате дека личните податоци не ги обработуваме согласно ЗЗЛП можете да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18,1000 Скопје, Република Северна Македонија
Верзија 1.0 02.01.2023
Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.