Новости

„Како настанал и кога се појавил Second Hand“

 

Во ерата  на second hand, да направиме осврт и да се потсетиме хронолошки од каде се појавува потребата за купување на облека и предмети народно речено од „втора рака“.

Културата за second hand продавници се појавила уште во 19-тиот век, во САД, како резултат на масовното производство на облека и предмети што довело до поголемо конзумирање нови парчиња, на сметка на фрлање на старите.

 Најчесто старата облека била добро сочувана па од тука се раѓа идејата и потребата за отворање на second hand продавници. Овој тренд се шири и на европскиот континент на почетокот на 20-тиот век, а денес со гордост можеме да  кажеме дека свесноста и потребата за second hand е на многу повисоко ниво.

Ако се земат во предвид бројките од светските истражувања кои укажуваат на тоа дека текстилната индустрија е најголемиот глобален загадувач на нашата планета и ѐ на високо третто место тогаш со сигурност платформите и продавниците за second hand ќе станат уште по полуларни низ годините.

Друга потреба се појавува од модниот ефект кој се добива со купување на облека од second hand продавниците. Вистинските вљубенички во модата, често знаат да направат одлична модна комбинација од тренди облека и некое безвременско парче облека, токму од second hand продавниците. Облеката која се продава во fast fashion продавниците е трендовска облека, која подразбира дека голем број на луѓе ќе го купат истото парче облека, додека облеката во second hand продавниците е уникатна и ретко припаѓа на моменталните светски трендови.

Многу често апаратите за домаќинство ги заменуваме со нови независно која е причината, дали е во прашање посовремен модел на апарат со повеќе функционалности. Старите апарати често завршуваат во некоја кутија на таванот или во подрумот и најчесто никогаш повеќе не се враќаат во употреба.  Денешниот тренд на продавање на second hand производи е практична и за продавачот и купувачот:

  • ослободуваме повеќе простор,
  • имаме можност да купиме квалитетен електричен уред за помалку пари или модерна облека, а воедно придонесуваме за минимално производство на отпад и грижа за заштита на животната средина.

Најдобар пример за тоа е сопственикот на Икеа, 90 годишниот милијардер Ингвар Кампрад кој е на 4-то место на листата на Forbes. Неговото богатство се проценува дури на 65,5 милијарди евра, според него купувањето на second hand облека и предмети е добар пример за идните генерации во заложба на штедење и грижа за животната средина.

 

 

 

„Модната индустрија еден од најголемите загадувачи на 21-от век“

 

Модната индустрија е еден од најголемите загадувачи на 21-от век. Одговорна е за дури десет проценти од емисиите на јаглерод диоксид во светот или 6.000 тони текстилен отпад, што е за пет пати повеќе од загадувањето на авиоиндустријата. Текстилните фабрики произведуваат илјадници тони отпад и отпадни води. 

Во изминативе четири децении количината на продадена облека во Европа е зголемена за 40%, истражувањата покажуваат дека 5% од буџетот на домаќинствата ширум Европа се троши за купување на нова облека и обувки кои за краток временски период завршуваат на отпад или во депониите.

Од друга страна, влијанието на текстилната индустрија врз животната средина е силно изразена и тоа во сите фази – од производство до користење на текстилни производи.

Голема количина на пестициди се потребни за одгледување на природните материјали, кои се користат за производство на памукот еден од основните ресурси за производство на облека. Иако памукот е еколошки прифатлив природен материјал, проблемот се јавува во неговиот процес на преработка кој бара големи количини хемикалии и вода, како и штетни емисии во воздухот.

За производство на облека се користат повеќе од 1.900 хемикалии, од кои 165 се означени од страна на ЕУ како опасни за здравјето и животната средина. Додека големи количини на вода и електрична енергија, се потребни за фарбање и обработка на облека. Со оглед дека производството на облека се одвива во земјите со низок животен стандард во кои неретко постојат недостатоци на чиста вода за пиење и ниски стандарди на живот. Транспортот на текстилните производи исто така има значајно штетно влијание поради користење на фосилните горива, како и користење на материјали за пакување кои користат штетни материјали и предизвикуваат емисии во воздухот. Дополнително само 1% од облеката се рециклира, а исфрлената облека на депониите создава големи количини на метан.Затоа, секогаш пред да купите ново парче облека, добро размислете, дали навистина Ви е потребно и кои ќе бидете во низата која го има истото парче облека, наспроти уникатноста и разноликоста, која ќе ја најдете на платформите и продавниците за second hand. 

 

 

„Купување Second hand производи, искуство само по себе“

 

Кога зборуваме за шопинг, постојат два начини на купување:

Првиот е потреба за ново fancy парче облека, додека вториот начин на купување е користена облека во second hand продавниците или онлајн платформите, каде може да се најдат оригинални и единствени парчиња облека или пак посета на антикварници каде има вистински драгоцености кога се во прашање стари винилни плочи или ретро украси за твојот дом.

Светските трендови се менуваат со брзина на светлината, па така и новото парче облека трае речиси една сезона.

Споделуваме неколку мудри совети за шопингување.

  • Пред секое купување, размислете добро дали омиленото парче облека ти е навистина потребно, истото важи кога одите во маркет по прехрамбени намирници. Секогаш прво погледнете кои производи навистина ти се потребни, на тој начин мудро ќе ги користиш финансиските средства, нема да  фрлаш остатоци од храна и воедно се грижиш за животната средина. Тоа е првиот чекор кон одржливоста, направи мали чекори тргнувајќи од себе. 

Продажбата на second hand платформите е сигурен концепт кон одржливост, со гаранција дека ќе најдеш оригинални парчиња облека и предмети кои вообичаено нема да ги најдеш во fast fashion бутиците, еве уште неколку причини зошто е must да посетиш платформа или продавница за second hand.

Оригиналност – На платформите за second hand или во антикварниците може да најдеш парчиња кои ќе ти овозможат уникатен и единствен изглед. Никогаш нема да знаеш какво парче облека или предмет ќе најдеш а тоа дополнително ја зголемува слободата во модното експериментирање и избор на предмети. Покрај тоа парчето кое ќе го купиш во second hand нема да го има никој освен ти, па така и оригиналноста е загарантирана.

Заштеда – За едно брендирано парче облека кое би го купил во second hand може да се облечеш од глава до пети. Со ваков тип на купување на облека, твоите модни комбинации, ќе бидат значајно поголеми. Покрај тоа може да најдеш оригинални дизајнирани парчиња по намалени цени.

Заштита на животната средина – Заштитата на животната средина е еден од клучните глобални цели на 21-от век, а со оглед дека текстилната индустрија е најголемиот глобален загадувач, повеќе од јасно е дека со купување на second hand помагаш во заштита на планетата земја. 

 

 

„Ѕвездата на Сексот и Градот љубителка на second hand продавниците“

 

Novosti_1

Славната Сара Џесика Паркер или попозната како Кери Бредшо е вистинска вљубеничка во модата како и ликот во серијата која ја прослави во светски рамки.

Но, за разлика од славната колумнистка која беше подготвена и последниот долар да го потроши на брендирано парче облека, вистинската Сара Џесика Паркер е многу по штедлива.

Но, вистинската трансформација по ова прашање се јавува по гледање на документарниот филм 'The True Cost' или во буквален превод 'Вистинска цена', во која се открива како живеат и колку се платени луѓето од третиот свет кои работат во текстилната индустрија и кои шијат 90% од облеката која ја носиме. 

Во едно интервју за магазинот „The edit “, таа објаснува дека за себе и својот син Џејмс купува облека исклучиво во second hand продавници. Таа во интервјуто открива дека единствен проблем и се фармерките кои ретко може да ги најде во овој тип на продавници. 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Славните личности купуваат во Second hand продавници“

 

Славни се и богати, нивните банкарски сметки тежат милиони долари, купуваат облека во луксузни продавници ширум светот, но нивниот оригинален моден стил го дополнуваат со парчиња од second hand продавници. Тие не сакаат на облеката со големи букви да стои името на дизајнерот, знаат да препознаат добро парче облека на прв поглед. Сигурно се запрашувате кои познати холивудски ѕвезди купуваат во second hand продавници.

  1. Џулија Робертс, иако заработува преку 15 милиони долари од филм, убавата жена со магична насмевка, е чест посетител на second hand продавниците. Често папараците знаат да ја уловат како со децата купува половна облека.

 

  1. Џејда Пинкет Смит, во нејзината успешна кариера како кантавтор, глумица, режисер и автор, богатството на Џејда Пинкет Смит се проценува на 20 милиони долари. Иако постојано е мета на папараците кои постојано ја фотографираат како со ќерката Вилов посетува second hand продавници.

 

  1. Деби Хари, во едно интервју пеачката изјави дека е зависник од купување на облека во second hand продавници, оваа навика трае уште од тинејџерските денови. Ни милионите кои ги има на сметка не успеаа да ја отстранат оваа навика. Таа вели дека во овие продавници ги има купено најдобрите парчиња облека, нешто што ниедна друга продавница не може да го понуди. Во една пригода изјави, дека останува лојална на second hand продавниците. 

 

  1. Зои Дешанел, оваа позната глумица, музичарка и кантавторка своето слободно време го поминува во Second hand продавници. Едноставно ужива во нив, каде што знае да најде вистински уникатни и драгоцени парчиња.

 

  1. Лара Спенсер, авторка на емисијата „ Добро утро Америка“, нејзината страст е шопинг во second hand продавници. Исто така има своја емисија “Flea Market Flip”, има издадено и книга за пронаоѓање на половни распродажби “I Brake for Yard Sales”.

 

  1. Рајан Тедер, пеачот во групата One Republic, не води особена грижа за неговата облека. Во едно интервју има признаено дека кошулите во неговиот плакар ги има уште кога имал 18 години и тоа не се скапи парчиња, туку купени во second hand продавници.

 

  1. Еле Варнер, верувале или не номинираната пеачка на Grammy, е толку сигурна во својот стил, што во една прилика изјави дека најдобрите парчиња облека ги има купено за само 5 долари во second hand продавници. Во нејзините спотови често користи половни парчиња облека. Позната е по уникатниот стил кој го осмислува во овие продавници, а некогашната прва дама на САД, Мишел Обама е љубител на нејзиниот стил на облекување.

 

Овие познати личности имаат спектакуларни договори на милионски износи, раскошни домови, живеат луксузен живот, но и понатака малите задоволства ги чинат среќни.

 

„Предностите на second hand платформите“

 

Во ерата на second hand ви споделуваме неколку работи кои се исплатливи да се купуваат како половни, воедно ќе заштедите и средства а придобивките ќе бидат исти.

 

  1. Учебници – Учебниците за училиште, книгите за факултет знаат да бидат многу скапи, особено ако станува збор за стручна или медицинска литература. Корисен совет е да пробате да ги најдете во некоја од специјализираните продавници за половни книги или да ги позајмите од библиотека доколку не ви треба оригиналниот примерок. Исто така, голем дел од стручната литература можете да ја најдете на интернет.

 

  1. Детска облека и опрема - Истражувањата велат дека во првата година од како детето ќе дојде на свет, буџетот се движи од 5.000 до 10.000 евра. А како што ни е добро познато, децата растат со брзина на светлината, особено што во нивниот брз развој често се случува некое парче облека да биде облечено само неколку пати. Поучени од овој пример, многу млади родители често облеката за нивното новороденче ја позајмуваат од своите блиски, а исто така и самите тие ја подаруваат веќе смалената облека од своето дете. Истото се однесува и кога станува збор за предметите и додатоците кои се наменети за децата на оваа возраст. Овој начин на размена позитивно влијае на неколку општествени аспекти: заштита на животната средина, намалување на јаглеродниот отпечаток во атмосферата, како и заштеда на домашниот буџет.

 

  1. Автомобили – Сите го сакаме мирисот на нов автомобил, но добро размислете пред да земете кредит. Имено, на автомобилите им паѓа 20% од цената од моментот кога ќе почнете да го возите, а по неколку години цената може да биде и дупло пониска за автомобил кој е речиси сочуван како нов.

 

  1. Детски играчки – Доколку имате пријатели со деца на иста возраст, одлична идеја е да се договорите за размена на играчки. На тој начин ќе заштедите средства, а децата ќе добијат нови играчки.

 

  1. Мебел – онлајн платформите за second hand се одличен простор за огласување и продавање на мебел. Во поразвиените европски држави тренд е мебелот да се менува на неколку години, па многу често парчињата мебел се купуваат од втора рака.

 

  1. Стан – Стара куќа или стан со малку идеи и вешти мајстори може да бидат убави и удобни како и новоградба, а цената секако ќе биде многу пониска. Затоа фокусирајте се на убав кварт во која се наоѓа недвижноста, отколку на годината на изградба.

 

  1. Музички инструменти – планирате вашето дете да свири на некој инструмент, најпрво запишете го на часови по омилениот инструмент. Доколку имате намера да продолжи со истиот за почеток позајмете или купете половен инструмент, со оглед дека цената на нов инструмент е значајно поголема. Обидете се со користен инструмент за почеток, а доколку вашето дете покаже талент и љубов секогаш можете да се одлучите за 'Steinway' или 'Stradivarius'.

 

„Текстилната индустрија најголем загадувач на планетата земја“

 

Познато ни е дека текстилната индустрија преставува еден од најголемите загадувачи на планетата земја, токму од таму се појавува и потребата за купување на облека од втора рака.

За да се произведете едно парче облека, во голема мера квалитетот зависи од чистата вода низ целиот процес на производство. Според невладината организација Global Fashion Agenda, научниците проценуваат дека 35% од микропластичното загадување во светските океани е резултат на текстилниот отпад што завршил во овие води.

Приближно 1,7 милијарди тони јаглероден диоксид доаѓаат годишно од текстилната индустрија. Експертите од светскиот институт за ресурси пресметале дека ако потрошувачката продолжи со ова темпо, ќе ни бидат потребни три пати повеќе ресурси до 2050 -та година, во споредба со потрошените количини од 2000 -та година.

Но, не треба да заборавиме дека речиси  99% од облеката може да се рециклира, па така повеќе од 70% од светското население користи облека од втора рака. 

Водата е неопходна во процесите на производство на текстилната индустрија. Дали знаете колку вода се троши годишно за да се произведат одредени производи?

  • според истражувањата на Обединетите Нации, за да се произведат еден пар фармерки потребни се речиси 8.000 литри вода. Оваа количина на вода просечен човек може да ја испие за 7 години;
  • за да се одгледа доволно памук за производство на еден пар фармерки потребни се 6.800 литри вода;
  • за производство на една памучна кошула потребни се 1.500 литри вода;
  • за производство на еден лист хартија А4 формат се користат 10 литри вода;
  • процесите за производство на алкохолни и безалкохолни пијалоци користат многу вода:
  • за производство на една чаша пиво се користат 75 литри вода,
  • за една чаша вино се користат околу 120 литри вода,
  • за филџан кафе 140 литри вода.
  • ако се одлучите за сок од портокал треба да знаете дека за одгледување на еден портокал се користат околу 50 литри вода,
  • за производство на 1 литар сок се користат 1.200 литри вода;
  • во процесот на производство на леб се користат 150 литри вода;
  • за време на одгледување на 1 кг компири се користат 500 литри вода,
  • за производство на 1 кг ориз се користат 1.900 литри вода;
  • ако сакате да јадете пилешко треба да знаете дека во текот на одгледувањето на една кокошка се користат 1.500 литри вода, за производство на 1 кг пилешко месо се употребуваат 3.500 литри вода, а за производство на едно јајце се користат 50 литри вода;
  • кравите треба да пијат 15 литри вода за да можат да проиведат 3,78 литри млеко.

 

„Најпознати веб сајтови за second hand“

 

Дизајнерските парчиња најчесто ни претставуваат само замислена желба, особено кога тема на разговор се чанти со дизајнерски потпис.

Дизајнираните чанти тешко можеме да ги најдеме на попуст, особено што светските дизајнери не преферираат да издаваат попуст сметајќи дека тоа ќе го наруши нивниот имиџ, а така ќе ја задржат и вредноста на предметот, но и понатаму постои начин како да си дозволите чанта со дизајнерски потпис, а воедно и да се грижите за природата.

Се прашувате каде да шопингувате на веб? Ви споделуваме неколку супер кул страни за уникатен шопинг:

 

Vesitaire Collective

Една од најпознатите веб продавници за second hand, со база од преку 3,5 милиони клиенти е проверено место кое гарантира сигурен шопинг и оригинални парчиња со дизајнерски потпис. Секоја недела понудата се обновува. За сите љубители на модата, повеќе детали на https://shorturl.at/C9e0x

 

Rewind Vintage

Rewind е специјализирана веб продавница за vintage модни додатоци, па овде можете да најдете ретки примероци од светските дизајнери како: Chanel, Gucci, Dior, Ives Saint Laurent. Доколку патот те однесе во Лондон, за испорака нема да чекате подолго од неколку часови https://rewindvintage.co.uk/

 

The RealReal

The Real Real исто така е позната веб страница за Second hand шопинг, на која се наоѓаат модни додатоци, облека, мебел и предмети за домот. Доста е популарна кај модните блогерки https://shorturl.at/kvXwZ

 

The Luxury Closet

Лоциран во Дубаи, оваа веб продавница овозможува достава низ целиот свет. Тука можете да купите облека или чанти по поволна цена со потпис на Louis Vuitton, Gucci и останати луксузни брендови.Па доколку сте по потрага по дизајнирано парче облека, задолжително посетете ја оваа веб продавница https://theluxurycloset.com/

 

Rebag

Созададен е од идејата секој да биде во можност да си го освежи плакарот, а при тоа да не инвестира финансии во нови скапи парчиња облека, туку истите парчиња може да ги купите по поволна цена. Преку 50 модни брендови можете да пронајдете на следниот линк https://www.rebag.com/

 

„Најпознатите second hand продавници во светот“

 

1. Amarcord, New York

Оваа уникатна продавница отворена во 2000-та година, постои на две локации во New York. Amarcord е специјализирана second hand продавница која продава исклучиво брендирани парчиња облека, па со сигурност тука можете да најдете уникатни парчиња од: Dior, Gucci, Fendi, Pucci, Prada, Versace, Missoni.

Novosti_2

 

2.Dressing Room 2.0 , Будимпешта

Лоциран во центарот на Будимпешта, во оваа специјализирана продавница може да најдете ретро облека во бохо стил, накит и кожени чанти.

Novosti_3

 

3. Retromania, Лондон

Оваа продавница претставува добротворна организација која е посветена на опслужување на маргинализирана група млади луѓе кои живеат во Лондон. Оваа продавница функционира на принцип на донации. Тука многу често може да се најде облека која потсеќа на Викторијанската ера, но и брендирани парчиња облека.

Novosti_4

 

4. City Walk Thrift, Флорида

Кога купувате во City Walk Thrift, помагате во прехранувањето на жителите од овој дел од градот. Со тоа што помагаат на локалното население, сопствениците на продавниците добиваат попуст на наемнината од 50 до 90%.

Novosti_5

 

5. We Are Vintage, Амстердам

Со две продавници во центарот на Амстердам, оваа симпатична продавница претставува рај за љубителите на уникатни парчиња облека. Двете продавници се специјализирани за second hand облека која го опфаќа модниот период од 1970-тите до 2000-тите години на минатиот век. We Are Vintage е место каде што може да најдете фустани, ретро t-shirt маици и облека во бохо стил.

Novosti_6

 

6. The Red Cross Shops, Австралија

Оваа second hand продавница спасува животи и им дава поддршка на жителите кои беа засегнати од катастрофата предизвикана од штрајк. Оваа продавница ја има во сите поголеми градови Мелбурн, Аделаиде, Бризбен и е најголема продавница од ваков тип во Австралија.

 

7. Music City Thrift, Нешвил

Оваа second hand продавница има неверојатна селекција на облека и цени. Покрај облека тука може да најдете и детски играчки, мебел, електроника и останати апарати за домаќинство.

Novosti_7

8. Mademoiselle Swing, Париз

Оваа продавница е отворена во 1995-та година од тогаш до денес продава облека и аксесоари која го опфаќа модниот период од 1930-та до 1970-та година. Дефинитивно ова е место кое ќе сакате да го посетите.

Novosti_8

9. Old Touch, Стокхолм

Во оваа продавница можете да најдете предмети од антика па се до 19-ти век, ретро фустани од 70-тите, но кај посетителите е уште попозната како место во кое може да најдете фустани инспирирани од 20-тите години на минатиот век. А, доколку сте љубители на шапки, тогаш ова дефинитивно е место од соништата.

Novosti_9

10. Vintage, Белград

Место во кое ќе се заљубите уште на прв поглед. Лоциран во центарот на Белград, ова место спојува стилови, епохи, дезени, материјали. Облеката е од сите делови од Европа и секое парче има своја приказна а голем дел од производите се приватна колекција на сопственикот. Изборот е подеднакво добар и за мажи и за жени. Неизоставен момент е гостопримливоста, ќе бидете услужени со кремпити и ракија.

Novosti_10

Newsletter

Претплати се на нашиот Newsletter!

Внеси ја твојата е-маил адреса и добивај ги најновите информации.